Пајаците јадат повеќе месо годишно од луѓето!

20 март, 20170
6

Тим швајварски и шведски зоолози проценил дека пајаците убиваат и јадат помеѓу 440 милиони и 880 милиони тони плен годишно. Тоа ги прави најнезаситни предатори на светот.

За споредба, луѓето јадат околу 440 милиони тони месо и риба годишно, што значи дека овие животни имаат навистина голем апетит.

Тие дури се понезаситни и од китовите, кои јадат помеѓу 310 и 550 милиони тони месо годишно.

Основната храна на повеќе од 45.000 видови пајаци се инсекти, но постојат и големи видови, како пајак голијат, кој се храни со ситни животни како што се птици, глодари и жаби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *