Пар од Њујорк „изгреба“ 10 милиони долари

8 март, 20170
5

Пар од Њујорк освоил 10 милиони долари на грепка, што е најголема награда за овој вид игри на среќа во историјата на таа држава.

Победничкиот тикет бил купен во продавница во Покипси, град кој се наоѓа на 110 км северно од градот Њујорк.

Комисијата за игри на среќа на државата Њујорк соопшти дека тикетот бил дел од специјалната 50 годишнина на инстант лотаријата „Десет милиони долари во кеш“.

Цената на поединечен тикет за оваа игра е 30 долари. Имињата на победничкиот пар не се објавени. Претставниците на лотаријата ќе им предадат на добитниците чек на освоената сума во четврток.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *