Пијан сакал да влезе во пилотската кабина а војската му пратила борбени авиони

31 мај, 20170
3

Во петокот американската војска испратила два борбени авиони на воздухопловните сили за да му бидат придружба на патнички авион од „Американ ерлајнс“ до Меѓународниот аеродром во Хонолулу откако бил пријавен инцидент во тој авион во кој бил вмешан турски патник.

– Авиони F-22 го придружуваа патничкиот авион до аеродромот во согласност со процедурата за внатрешна одбрана. Локалната полиција одговорила веднаш штом слетал авионот – рекол портпаролот на американската воздухопловна команда Дејв Бенам.

ФБИ, американската војска и американската авиокомпанија засега не прецизирале од каков вид бил инцидентот кој се случил во патничкиот авион, но локалните медиуми пренесуваат дека еден патник се обидел на сила да влезе во пилотската кабина на авионот кој летал од Лос Анџелес до Хонолулу.

Проблематичниот патник го смирил еден полицаец надвор од должност и останатите патници и членови на екипажот, а авионот безбедно слетал во 11:35 часот по хавајско време.

Федералните власти подготвуваат кривична пријава против турскиот државјанин Анил Усканил (25) поради попречување на екипажот, рекол специјалниот агент на ФБИ Пол Делакорт на конференцијата за новинари во Хонолулу.

На прашањето дали Усканил се обидувал да влезе во кокпитот, тој рекол дека Турчинот поминувал помеѓу седиштата со „нејасни мотиви“.

Усканил бил приведен, испрашан и пуштен на слобода.

Оправдувањето на Усканил било дека „тргнал низ погрешен излез бидејќи бил пијан“, но полицијата наведува дека нивото на алкохолизираност не било големо.

Во авионот на „Американ ерлајнс“, во кој се качил Турчинот неколку часа подоцна, имало 181 патник и шест членови на екипажот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *