ПОСЕТИТЕЛИ ОД ИДНИНАТА: Авионот кој полета во 2017 и слета во 2016 година
9 јануари, 20170
Временските зони од секогаш биле интересни. Колку пати сте помислиле како додека вие сте будни и нешто правите, во некој дел од светот некој спие затоа што е ноќе?
Но, временските зони се најинтересни околу Нова година, кога на пример во Австралија веќе ја дочекале Нова година, а кај нас во Македонија е попладне.
Поради тоа интересен е и летот на компанијата „United Airlines“. Авион Боинг 787-900 кој на 1 јануари 2017 полетал од Шангај, слетал во Сан Франциско 31 декември 2016 година.
Буквално посетители од иднината…