Повторно откриено 8-мото светско чудо по 130 години

21 јуни, 20170
8

По повеќе од еден век поминат закопани од вулканска ерупција, изгубените „розови и бели тераси“ во Нов Зеланд се повторно откриени под слоевите пепел и кал.

Еднаш нарекувани природно светско чудо, најголемите депозити на силика од овој вид на Земјата се сметало дека се уништени во ерупцијата на Mount Tarawera во 1886-та. Но сега истражувачите тврдат дека откриле каде тие се лоцирани и се сомневаат дека некои од нив се сочувани до денес.

Розовите и бели тераси на Нов Зеланд биле најголеми депозити на силика во светот.

Рекс Бун, независен истражувач и дел од тимот, во 2016 добил стар дневник кој припаѓал на Фердинанд вон Хочстетер, геолог од 19-тиот век, кој во 1859 бил најмен од владата на Нов Зеланд геолошки да ги истражи островите.

Во неговите забелешки, тој ја имал обележано локацијата на терасите, скоро 3 декади пред вулканската ерупција која не само што ги закопала, туку и драстично го променила пејзажот така што обележаната локација денес веќе не се наоѓа на истото место.

Бун решил да ја реконструира мапата на езерото на Хочстетер користејќи техника наречена форензична картографија, која вклучува споредување на сегашните топографски мапи со податоците од 1859-та, поклопувајќи одредени геолошки елементи се додека не се пронајде најверојатната локација на терасите.

По 12 месеци и 2500 часа вложени во истражувањето, Бун сега смета дека ја идентификувал локацијата на терасите, и дека е блиску до нивното повторно откривање, бидејќи најдел начин кој ја обележал нивната локација со маргина за грешка од плус или минус од 35 метри.

Одлуката за откопување на областа им е дадена на авторитетите на локалното племе Тухоуранги, а Бун смета дека доколку решат терасите да се откопаат, дека ќе се пронајдат делови од нив кои се недопрени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi