ПРЕДЛОГ ЗАКОН: Еден час платена пауза за секс во текот на работниот ден
23 февруари, 20170
Еден шведски политичар предложил да се воведе платен час пауза за време на работниот ден со цел вработените да можат да одат дома и да имаат секс.
Политичарот Пер Ерик Мускос изјавил дека на Швеѓаните им е потребна пауза која би се искористила во други цели.
„Постојат истражувања кои покажуваат дека сексот е корисен. Ова ќе им помогне да ги подобрат односите“, рекол Мускос, член на градскиот совет во градот Оверторнео.
Како што вели, нема сите да заминат и да имаат секс – некој ќе оди на шетање, а убеден е дека предлогот ќе му помине.