Проколната куќа: Очајно семејство нуди плата од 50.000 фунти за бебиситерка!

16 јуни, 20170
3

Семејство од Шкотска бара бебиситерка на која и нуди плата од 50.000 фунти годишно, сместување и храна, меѓутоа, една работа ги одбива сите заинтересирани кандидати.

Родителите упорно бараат бебиситерка откако последните 12 месеци загубиле 5 работнички поради натприродните појави кои се случуваат во куќата, како кршење на стакла и чудни звуци.

Семејството побарало помош на Твитер во својата мисија, со надеж дека ќе најдат некој доволно храбар да го прифати предизвикот на нивната проколната куќа.

Огласот за работа се појавил минатата седмица, и во него се наведува дека е потребно лицето да биде подготвено да се грижи за две деца, на возраст од 5 и 7 години, во пространа семејна куќа која може да се пофали со спектакуларен поглед.

Но, мора да бидете подготвени на тоа дека ќе минувате подолг временски период во куќата сами, и ќе спиете таму четири ноќи во седмицата, од понеделник до петок, со децата.

Работата вклучува и подготвување на појадок, подготвување на децата за училиште, носење и враќање од училиште, помош околу домашните работи и заспивање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi