РЕШЕНА Е МИСТЕРИЈАТА: Што и направи Доналд на Меланија?!

30 јануари, 2017
1

Пред неколку дена на интернет се појави снимка од инаугурацијата на Доналд Трамп на која неговата сопруга Меланија изгледа вознемирено.

Сите се прашувале што и рекол Доналд на Меланија и зошто таа драстично го променила изразот на лицето. Изгледа дека сега интернет корисниците го пронашле решението.

Прво сите се фокусираа на Меланија и нејзината реакција. Изгледаше дека Трамп се свртил кон неа и и се обратил со неколку зборови. Но ако снимката се погледне подобро, Трамп се свртил, но не ја гледал Меланија туку ја игнорирал. Иако Меланија му се насмевнала, тој контакт со очите воспоставил со својата ќерка Иванка која стоела зад Меланија.

Трамп на ќерката и испратил бакнеж. Меланија поради тоа се растажила.