Револуција во светот на куклите: Од сега можете да купите барбика со хиџаб

15 ноември, 20170
2

Во чест на олимпијката Ибтихај Мухамад е изработена првата кукла „Барби“ со хиџаб. Ова е втор пат Мухамад да испишува нова историја откако минатата година дебитира во олимпискиот тим на САД и со тоа стана првата спортистка што настапи на официјалните натпревари со хиџаб.

Куклата е промовирана пред неколку дена на самитот Glamour Women of the Year, каде што Мухамад беше гостинка на програмата Barbie Shero, која оддава признание на пионери и иноватори. Куклата ќе биде достапна на пазарот од следната есен.

Резултат со слика за prva barbika sa hidzabom

Резултат со слика за prva barbika sa hidzabom

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *