Русинката Јулија Самоилова нема да настапува на Евровизијата во Киев – доби 3- годишна забрана за влегување во земјата

27 март, 20170
2

Руската пејачка Јулија Самоилова нема да настапува на Евровизијата во Киев. Од Украина доби 3 – годишна забрана за влегување во земјата.

длуката ја донесе Службата за безбедност на Украина, затоа што руската изведувачка Самоилова во 2015 година пеела на Крим – анектираниот дел на Русија.

Таа требаше да ја претставува својата земја на натпреварот „Евровизија“ во Киев кој се одржува во мај месец.

Украина посетата на „привремено окупираниот“ Крим, без претходна согласност на Киев, го третира како кривично дело.

Од „Евровизија“ велат дека земјата домаќин има право да одлучи дали на некој учесник ќе му дозволи да настапува во земјата.

Веста за забраната од страна на СБУ ја објави портпаролката Елена Гитлјанскаја, а руските медиуми информацијата ја објавија уште на 20 март.

Поради медицинска грешка Самоилова од дете е во инвалидска количка.

За време на изборот за песна на Евровизија, кој традициоално се одржува на рускиот државен „Прв канал“ нејзината песна Flame is Burning ја коментираа како провокација и навредлива за пејачката, која стана средство во хибридната војна на Москва.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *