Руска пензионерка ја доби најголемата премија на лото- дури 7,2 милиони евра, а ќе се изненадите од нејзината пензија

22 ноември, 20170
2

Пензионерка од Русија освоила пола милион рубљи, односно 7,2 милиони евра на лотарија, а со тоа оваа сума е и најголема во историјата од постоењето на лотото во Русија.

Државната лотарија „Столото“ објави дека Наталија Власова (63) од едно населено место 600 километри јужно од Москва е добитничка на највисоката премија за време на нивнотот постоење.

Во видеото кое го направи државната лотарија со оваа пензионерка, вели дека нејзината внука прва го проверила ливчето и заклучила дека тоа не е добитно, но таа повторно го проверила ливчето откако медиумите објавиле дека лотото се паднало во нивниот регион.

Се случува нешто неверојатно, си помислила внуката на добитничката кога дознала дека ливчето е добитно.

Инаку сумата на лотото за разлика од Европа и Америка е многу ниска, но пола милијарди рубљи е голема сума за просечните Руси чии што пензии во просек изнесуваат околу 200 евра месечно.

Добитничката вели дека пола од парите ќе ги донира во добротворни цели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *