Штотуку родено бебе фрлено во септичка јама, спасено по два дена!

5 октомври, 20170
Штотуку родено бебе фрлено во септичка јама, спасено по два дена!

Штотуку родено бебе е спасено два дена откако е фрлено во септичка јама која веќе не се користи, во југозападна Јава во Индонезија.

Како што објавија тамошните медиуми, локалното население слушнало плач на бебе кој допирал од под парчиња дрво, камења и листови во дупка која мештаните ја користеле за фрлање ѓубре.

Малото момче веднаш го пренеле во болница, каде се опоравува. Според зборовите на еден од мештаните, сите плачеле кога го пронашле бебето.

„Отидовме до таа напуштена куќа и го забележавме бебето, кое немаше никаква облека на себе“, рекол тој.

Мештаните за локалните медиуми рекле дека бебето на главата имало посекотина, извести Дејли Мејл.

Повикана била полиција која ја пребарала куќата во чиј двор е пронајдено бебето, но внатре немало никој. Засега не е познато дали сопствениците на куќата се поврзани со оставеното бебе.

Полицијата побарала да се направи ДНК тест со цел да се најдат родителите на бебето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi