Сиамски близнаци преживеале пат долг 15 часа пред одвојувањето

16 октомври, 20170
13

Сиамски близнаци стари една недела преживеале пат долг 1,400 километри од зафрлено село во Демократската Република Конго до престолнината на таа земја, Кинашасе.

Дел од патот го поминале со мотор преку џунглата, а другиот дел со авион до главниот град.

Бебињата – Аник и Дестин биле вратени во селото за три недели. Родени се во 37 недела од бременост и биле споени, но за среќа немале заеднички органи.

Сиамските близнаци се раѓаат просечно еднаш во 200,000 породи, а нивното преживување е речиси секогаш неизвесно, посебно во зафрлените делови каде е тешко да се пронајде хируршка помош.

Она што ги изненадило докторите било тоа што близнаците биле родени по природен пат во селото Музомбо во Конго.

Сфаќајќи дека на децата им е потребна операција, нивните родители ги завиткале бебињата во ќебе и започнале патешествие низ џунглата до најблиската болница во градот Ванга.

Без опрема и искуства да спроведат толку комплицирана операција, докторите ги префрлиле во друга болница во Кинашасе, оддалечена 500 километри од тој град.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi