Сите луѓе на Земјата би можеле да живеат во една зграда – во теорија

17 февруари, 20170
2 copy

Во Витиер, Алјаска, целиот град е собран во една висока зграда. Сите 214 жители на градот живеат таму и таму исто така се наоѓаат и поштата, полицијата, канцеларијата на градоначалникот и продавницата. Секако, лесно е да се види како може да собере град од 200 луѓе во една зграда. Но како би изгледало доколку сите во светот би живееле во истата зграда?

Во последната епизода од емисијата RealLifeLore, се објаснува како би изгледало ако сите 7,478 милијарди луѓе на светот станат соседи. Секако, ќе треба да ги фрлиме сите претходни замисли за големината на една зграда. Најголемиот стадион на светот, лоциран во Северна Кореа, има седишта за 114.000 луѓе. Тоа е доволно големо за да се сместат жителите на некои помали градови, но само 20% дури и од најненаселената сојузна држава во САД. Стадионот Indianapolis Motor Speedway, најголемиот спортски центар во светот, собира 235.000 луѓе. Големата Џамија во Мека е изградена да собере 4 милиони луѓе внатре и надвор. Ова е сепак премногу мало.

Според пресметките на RealLifeLore за тоа колку луѓе собира во еден кубен метар, за да ги собере сите луѓе на светот, би била потребна зграда со висина од 1.345 метри и ширина од 1,35 километри. (Забележете дека највисоката зграда во светот, Бурж Калифа, е висока 829,7 метри.) Но да, во теорија, ако таква зграда би можела да се изгради, таа би ги собрала сите луѓе на Земјата. Само што тие не би можеле да се движат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *