Тест за отпечатоци од прсти што детектира кокаин за 30 секунди

17 октомври, 20170
5

Научници од универзитетот од Сари, Англија, откриле нов начин да се проверат нечии отпечатоци од прсти за да се открие дали лицето користело кокаин, што може да доведе до подобрено откривање на супстанците од Класа А.

Во истражувањето кое било изведено во тандем со холандскиот форензички институт била користена масена спектрометрија со спреј за хартија. Примероци од отпечатоци биле детектирани на хроматографска хартија која може да одвојува супстанци, кои потоа биле третирани со хемикалии за да се издвои нивната дефиниција и да се идентификува индивидуата.

Кога некој има земено кокаин, отпечатокот на прстот задржува одредени клучни хемиски индикатори – бензоилегонин и метилегон – дури и откога рацете се измиени.

Во студијата биле користени 239 примероци на отпечатоци на прсти, а тимот имал 99% успех во идентификувањето на оние кои користеле кокаин, со 2,5% лажно-позитивни резултати.

За да се обработи примерокот биле потребни 4 минути, но истражувачите велат дека веќе работат на метода која ќе трае само 30 секунди.

Тестот е одличен бидејќи е хигиенски, неинвазивен, и не може да биде прелажан. Се верува дека оваа технологија полицијата би можела да ја користи веќе во наредната декада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *