Убил девојче, завршил во затвор, а таму го дочекала правдата

20 февруари, 20170
3

Припадник на улична банда кој е обвинет за убиство на девојче (11) нападнат е во затвор во Чикаго од друг затвореник, додека чекал кауција.

Аноин Џонс (19) е обвинет за убиство на Таки Холмс (11), а снимката на која Ренард Вилијамс (24) го напаѓа Џонс ја забележала надзорна камера.

Таки била убиена додека седела на задното седиште во семејниот автомобил во Чикаго.

Членовите на бандата „Црни ученици“ во таа прилика отвориле оган на ривалите, поради тоа што продавале дрога на нивна територија.

Залутаниот куршум го погодил девојчето во глава додека седело покрај својот помал брат.

Антони Џонс подоцна се предал на полицијата, а неговиот напаѓач исто така е обвинет за убиство, но детали не се познати.

Џонс одбил да поднесе тужба против Вилијамс за нападот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *