Во Гитхоорн, Холандија скоро нема патишта, само водни канали

27 јануари, 20170
12 copy

Венеција можеби е најпознатиот град на водни канали во светот, но но е единствениот. Гитхоорн, градче со 2600 жители во Холандија, скоро нема патишта. Холандската „Мала Венеција“ има само канали, според списанието Travel + Leisure.

Амстердам исто така може да се пофали со многу километри канали, но за разлика, поголемиот дел од романтичното село Гитхоорн е пристапен само со брод. Градчето било изградено од жетвари на тресет, плодна мешавина од вегетација што се распаѓа, а како што го откопувале тресетот, се формирале езера и бари. На островите помеѓу нив биле изградени куќи со покриви од слама, а жителите можеле да се движат низ градот само со тесни чамци наречени „пунтери“.

Може да шетате низ градот и преку еден од 170-те мостови помеѓу островите, но сé уште најдобар начин да се види градот е со пунтер. Можете да изнајмите чамци и кајаци за помалку од 8 долари за час.

Гитхоорн сега е многу популарна туристичка дестинација за патниците од Азија – тука доаѓаат околу 200.000 кинески туристи годишно. А сега, кога Гитхоорн доби место на новото меѓународно издание на познатата игра “Монопол“, се очекува да доживее уште поголем туристички бум.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi