Вториот најголем дијамант во светот продаден за 53 милиони долари

29 септември, 20170
7

Откако не успеа да биде продаден лани на јавната аукција на Sotheby’s, дијамантот од 1.109 карати беше продаден вчера на приватна аукција за сума од 53 милиони долари.

Дијамантот беше ископан пред две години од рудникот Карове, во Боцвана. Неговото име е „Lesedi la Rona“ што значи „наша светлина“, на јазикот Тсвана, кој се користи во Боцвана.

Продавачот, канадската корпорација „Lucara“, очекуваше дека ќе успее да го продаде дијамантот за сума од најмалку 70 милиони, опишувајќи го како „дијамант со квалитет кој се наоѓа еднаш во 100 години“. Купувачот на дијамантот е британската компанија „Graff Diamonds“, за која сумата од 53 милиони долари не беше ништо посебно, знаејќи ја нивната долга историја на откупување на скапоцени камења.

„Самиот дијамант ќе ни ја каже својата приказна и самиот ќе диктира како сака да биде пресечен“, изјави Лоренс Граф, кој е основач на компанијата „Graff Diamonds“.

Ова е вториот најголем дијамант пронајден досега, а најголемиот беше 3.106 дијамант Cullinan пронајден во Јужна Африка, во 1905 година, и тој потоа беше пресечен на неколку помали парчиња, а тие посебно беа продадени на различни купувачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *