Застрашувачки точното предвидување на Карл Саган за иднината оживеа

27 јануари, 2017
11

Астрономот Карл Саган напишал дело во 1995 година кое се појави повторно минатата недела. Која е причината? Затоа што многу луѓе веруваат дека предвидувањето всушност се случи.

Тој пишувал во својата книга, “Светот прогонуван од демони“, за опасностите од псевдонауката и важноста да се биде скептичен.

Еден дел од книгата посебно се издвојува како прилично точно предвидување за денешницата.

Саган пишал:

„Имам претчувство за Америка во времето на моите деца или внуци – кога САД ќе има услужна и информативна економија; кога скоро сите од производителните индустрии ќе имаат избегано во други земји; кога извонредни технолошки моќи се во рацетe на неколкумина, а никој што ги претставува јавните интереси не може дури ни да ги разбере проблемите; кога луѓето ќе ја имаат изгубено способноста да ги поставуваат сопствените агенди или да се сомневаат во тие со авторитет со знаење; кога, чувајќи го нашиот кристал и нервозно консултирајќи го нашиот хороскоп, со нашите критични способности во опаѓање, не способни да разликуваме помеѓу тоа што прави да се чувствуваме добро и тоа што е вистинско, се лизгаме, скоро без да приметиме, назад кон суеверија и темнина.“

Цинично, да, но дали е ова толку далеку од вистината денес?