Овој човек случајно пуштил порно на џиновски билборд за целиот град

5 јануари, 20170

https://www.youtube.com/watch?v=oxWRvcXzPA4

Минатата недела, сите кои се наоѓале надвор од Нингбо Тианлун Сквер шопинг центарот во Нингбо, Кина, биле „почестени“ со прикажување на порно филм на екран со џиновска билборд величина, и тоа во 10 часот наутро.

Според локалната полиција, порно клипот бил зачуван на компјутерот на работник чија работа била да го тестира видео билбордот.

Добро тестирање!

Видеото од инцидентот, кое е прикачено на интернет, покажува минувач кој го приметува екранот и почнува да се смее гласно.

Инцидентот бил пријавен на полицијата во Јинжу и работникот бил испрашан.

Нингбо Тианлун Сквер шопинг центарот исто така објави извинување за тоа што било пуштено порно на нивните екрани.

Се верува дека инцидентот бил случаен.

Списанието People’s Daily објави дека лаптопот во прашање бил оставен да пушта автоматски и порно клипот почнал да се прикажува во отсуство на работникот на билбордот.

Претходно, во октомври, еден индонезиски ИТ работник бил уапсен и казнет со шест години во затвор затоа што хакнал билборд и пуштил порно на него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi