Ако имате црна смисла за хумор тоа може да значи дека сте многу паметни

14 февруари, 20170
3

Шегата е на сметка на сите други.

Дали се смеете на шеги за смрт, болести и уништување? Дали некогаш луѓето замолчуваат и можеби малку се навредуваат на вашиот извртен хумор? Нека ви биде жал за нив, затоа што тие може да не се толку паметни како вас. Ново истражување предлага дека луѓето кои сакаат темни, болни шеги рангираат повисоко кога станува збор за интелигенцијата.

Новата студија, објавена во научното списание Cognitive Processing, се состоела од 156 учесници на кои им било зададено да ги оценуваат цртаните филмови кои содржат болен хумор во книгата „Црната книга“ од Ули Штајн. Истражувачите од Медицинскиот Универзитет на Виена им задале на учесниците да оценат дали тие ја разбрале шегата, дали мислеле дека е добра шега и дали сметале дека е изненадувачка, вулгарна или интересна. Тие исто така ги измериле учесниците во карактеристики како вербална и невербална интелигенција, пореметувања на расположението и агресивност.

Студијата била мала, но резултатите ќе ги одмаздат сите кои некогаш кажале црна шега на која другите не се смееле. Луѓето кои го разбирале и уживале во темниот хумор исто така имале повисоки резултати на тестовите за вербална и невербална интелигенција. Исто така било поверојатно тие да имаат повисоки нивоа на едукација и рангирале ниско во однос на агресија и пореметувања на расположението. Овие резултати биле контролирани за фактори како возраст и род.

Па зашто постои поврзаност помеѓу црниот хумор и интелигенцијата? Истражувачите велат дека ова може да е поради тоа што се потребни и когнитивни и емотивни вештини да се разберат шегите и да се свати нивниот хумор. А затоа што црниот хумор е посебно сложен, потребна е висока интелигенција и ниско ниво на агресија да се разбере дека извртените шеги се само тоа – шеги – и не треба да се сваќаат премногу сериозно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi