Броеви на среќа според кинескиот хороскоп

21 август, 20170
15

Според кинеската култура среќните  броеви постојат, треба само да знаете, кои се тие. Погледнете ги броевите на среќата и нивната историја.

Кои броеви носат среќа?

Во различни култури луѓето веруваат дека некои броеви им носат среќа, просперитет и финансиска корист. Таков е на пример бројот 2 според Кинезите. Тие веруваат дека секое нешто има две страни и дека сè во животот доаѓа во пар, а така е и во љубота.

Бројот 6 пак е интернационален симбол на среќа , бидејќи во многу култури тој симболизира хармонија и рамнотежа. Не случајно, луѓето се надеваат на „6-ка на Тото (игра на среќа), а богми некогаш и една 6-ка на факултет знае да спаси од големи страдања.

Такoв статус има и бројот 7. Според индиската, муслиманската и христијанската култура тоа е симбол на вечниот живот, затоа им носи среќа на луѓето. Во христијанството неделата, седмиот ден во седмицата,  често се гледа и како симбол на пожртвуваноста.

Со таква сила се користи и бројот 8 , што во јапонската и кинеската култура е симбол на среќа и големо богатство. Луѓето веруваат дека тој носи просперитет и пари. Колку е поголема осмицата, толку поголема е среќата. На пример, се проценува дека бројот 38 носи троен успех.

Контроверзно е прашањето дали бројот 9 е среќен број. Во некои култури, како таа  на Ацтеките, тој симболизира несреќа и неуспеси. Но,  во кинеската и христијанската култура, 9 е среќен број со свети сили.

4 – симбол за зло

Не се сите броеви среќни. Во Кина бројот 4 се смета за симбол на злото и смрт.

Броеви на среќа според кинескиот хороскоп

Во Кинескиот хороскоп секој знак има бројки, за кои се верува дека  носат среќа. Обично тоа се едноцифрени броеви и нивните комбинации меѓу нив,  плус неколку други „независни”. На пример:

За Стаорец тоа се 1, 4, 5, 10, 11, 14, 41, 45, итн
За Вол – 1, 3, 5, 12, 15, 33, 51, итн
За Тигар – 4, 5, 7, 9, 44, 45, 54, итн
За Зајакот – 1, 3, 5, 9, 15, 19, 35, итн
За Змејот – 3, 4, 5, 6, 34, 35, 56 и т.н.
За Змијата – 1, 2, 4, 6, 24, 42, 46, 64, итн
За коњ – 1, 3, 4, 8, 14, 38, 43 и т.н.
За овца – 3, 4, 5, 12, 34, 35, 45, итн
За Мајмун – 4, 5, 7, 16, 47, 54, 57, итн
За петел – 1, 5, 6, 15, 16, 51, 56, итн
За Кучето – 4, 5, 9, 10, 28, 30, 45, 59, итн
За Свињата – 1, 3, 4, 5, 8, 16, 34, 41, 48, итн

Броеви на среќа како збир

Во годините меѓу луѓето се раѓале  различни суеверија за тоа кои се нивните броеви на среќа. Некаде сметаат дека бројката добиена од збир на сите броеви  во датумот на раѓање.

На пример ако некој е роден на 25.08.1988 тоа би значело: 2+5+8+1+9+8+8 = 41 =4+1 = 5. Па така на оваа личност среќен брј и е бројот 5.

 

На овој принцип некои ги сметаат сите комбинации на бројки, со тоа што  ги сведуваат на едноцифрена бројка – број на билет од градскиот превоз, телефонски број, адреса, итн.

Броеви на среќа според фенг шуи:

Во фенг шуи секој елемент и секоја зона има број, кој што  носи среќа. На пример, бројот на водата е 1, а на дрвото – 3 и 4. За Огнот е 9, а за Земјата – 2, 5 и 8. За металите среќни се броевите 6 и 7.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *