Дали знаете што значи „ОК”?

14 јануари, 20170
5

ОК е универзален збор кој доаѓа од англискиот јазик – американски сленг, а означува термин  за „сé е во ред“. ОК е израз што без сомнение го освои светот.

Го користат не само Американците и Британците, туку и сите луѓе на планетава.

Иако, потеклото на овој израз не е сосема утврдено, постојат неколку теории за неговиот постанок.

Првото писмено користење на терминот „ОК” се случило во сабота, 23 март 1839 година, кога во бостонскиот весник   Boston morning post  излегол текст за сатиричката организација „Anti-Bell Ringing Society”.

Причината за пишување на „ОК” како синоним за “all correct” (сé е точно) и не е толку чудна, ако се земат во обзир јазичните трендови кои владееа тие години.

Намерно пишување на правописно неточни кратенки, во овој случај за „all correct” –користење на изразот „ollkorrekt” – било многу модерно и кул тие години. Всушност тогаш се родиле многу такви кратенки за кои може да се тврди дека се претходници на денешните OMG, LOL и сл.

Почетниот тренд на скратување на изразите со употреба на почетните букви, како на пример  i.s.b.d (it shall be done), r.t.b.s (remains to be seen), итн. со време требало да се унапредат, така да тие денови станало модерно да се кратат изразите со употреба на нивните почетни букви, без оглед на правописот. Меѓу популарните изрази тие денови бил и o.w. како кратенка за „all right” (oll right).

Изразот „all correct” тогаш ја добил својата модерна кратенка. Тоа што зачудува е фактот дека од сите изрази  – „ОК” се одржа најдолго, а после преоѓање на американските граници, завладеа со светот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi