Еве што се случува со вашиот пенис додека стареете

13 јануари, 2017
1

 Стареењето е чудесна работа.

Станувате помудри со возраста , откривате кои ви се вистинските пријатели и полека почнувате да разбирате што е вистински важно во животот.

Но, не придобиваат сите од процесот на стареење. Зглобовите стануваат потешки за придвижување, вашата коса може да почне да опаѓа и пенисот на мажите…па, и тоа претрпува некои промени, исто така.

Списанието Men’s Health го интервјуираше директорот на Институтот за машко здравје, Брајан Стајснер, за да откријат што се случува со вашиот пенис со стареењето.

Тој кажа да внимавате на следните пет промени:

  1. Попуштање

Вашиот скротум ќе почне да попушта како ќе стареете, благодарејќи на губитокот на мускулна маса.

  1. Намалување

Станува збор за трајно намалување. Ова се случува бидејќи нееластични влакна наречени колаген ги заменуваат нормалните клетки со текот на времето.

Стајснер вели дека најдобар начин да ја намалите штетата е да се осигурате дека немате вишок масти околу долниот стомак, затоа што ова значи дека дел од пенисот ќе ви се скрие под кожата.

  1. Накривување

Како што стареете, лузно ткиво се развива околу пенисот благодарејќи на повторувана, иако безопасна траума, најчесто последица од секс и спорт. И тоа нема да се развие еднакво на двете страни, па затоа може да дојде до накривување.

Стајснер изјави: „Во 60-те и 70-те ова може да станува сé полошо. Сум видел пациенти (чии пениси) изгледаат како прашалник.“

  1. Еректилна дисфункција

Еректилната дисфункција е резултат на губиток на крв. Покрај тоа што постојат многу медицински третмани, Стајснер вели дека најдобар начин да се изборите со ова е да јадете здраво и да вежбате редовно.

Тој изјави за Men’s Health: „Имам пациенти кои во своите 90-ти години имаат совршени ерекции затоа што се грижеле за себе.“

  1. Рак

Како што стареете станувате поподложни на рак на простата и тестисите. Но, постои и ризик од развивање на рак на кожата на самиот пенис. Стајснер вели да избегнувате користење на соларум и да ја одржувате хигиената таму доле.