Хороскоп: Каква маска носите секој ден, пред останатите личности од различни причини

12 јуни, 20170
10

Дознајте што се крие под вашата маска и која е таа:

Овен

Овенот ја има маската на сожалување, бидејќи сака да го сожалуваат. И тоа секогаш му успева. Во суштина е ладнокрвна личност која иако сака да манипулира со останатите, знае и да ги сака со цело срце. Си ги знае своите граници и свесен е за својата маска на која веќе навикнал, бидејќи ја носи постојано.


Бик

Бикот ја носи маската на пријателството, бидејќи се плаши да остане сам. Никогаш нема да ве избегнува доколку не му се допаѓате, но со време ќе ви се предаде, бидејќи доколку доволно долго глумите нешто, ќе започнете и да верувате во истото.


Близнаци

Близнаците се дволични, но добродушни со маска на ладнокрвност. Понекогаш ја вадат кога знаат дека се во опасност и ја ставаат маската на Овенот, а тоа е маската на сожалувањето.


Рак

Ракот иако сите го сметаат за најчувствителен знак во хороскопот, тој ја носи маската на љубовта. Често останува во врски кои знае дека не му одговараат доволно долго за да не ја извадат маската под која се крие личност која сака да ја пронајде вистинската личност.


Лав

Лавот ја носи маската на гордоста, бидејќи се плаши од своите недостатоци и сака да биде недопирлив и бесчувствителен. Иако остава таков впечаток тој е кревка душа која знае да сака, но секогаш прави погрешен избор во љубовта.


Девица

Девицата ја носи маската на педантноста, бидејќи сака да прикрие колку е всушност една неорганизирана личност која не се грижи за никој освен за самата себеси. Иако се смета за една од најладните знаци во хороскопот, кога ќе ја пронајде вистинската личност се препушта целосно и без резерва.

Вага

Вагата ја носи маската на одлучноста, бидејќи е неодлучна и не сака останатите да дознаат за тоа. Секогаш знае како да ви одговори дипломатски и погрешно на прашање поврзано со некоја одлука која треба да ја донесе, но е добар пријател кој знае да даде совет кога тоа е потребно.


Скорпија

Скорпијата ја носи маската на искреноста, бидејќи лаже постојано, па понекогаш дури и верува во сопствените лаги. Знае да биде сентиментална кога ќе се заљуби, бидејќи се плаши да не биде излажена верувајќи во карма и бумеранг.


Стрелец

Стрелецот е познат по својата прецизност и одлучност што е маска на неговата несигурност во себе. Знае да критикува, но не сака да го критикуваат и често се лути без причина.


Јарец

Јарецот носи нарцистичка маска, бидејќи нема самодоверба и знае дека не е најдобар од сите како што остава впечаток. Нема капацитет за учење и често е љубоморен на тие што се подобри од него, но никогаш нема да го признае тоа.


Водолија

Водолијата ја има маската на добрината, но длабоко во себе знае дека сака да ги повредува луѓето околу себе. Знае да цени и да простува, но кога еднаш ќе ја повредите, заборавете на неа.


Риби

Рибите ја носат маската на верноста, бидејќи сакаат да изневеруваат, но без да бидат фатени на дело. Обожаваат отворени врски без обврски и го сакаат сексот повеќе од сите знаци во хороскопот. Брзо забораваат и често лажат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *