Како очите не издаваат кога лажеме?

4 октомври, 20170
10

Очите се прозорец на душата велат луѓето и излегува дека тоа е апсолутно така. Макар што постојат извесен број исклучоци, постојат некои сосема едноставни знаци кои покажуваат дека даден човек ве лаже.
Кога човек гледа горе и десно тоа е сигнал дека во моментот тој создава слика ( настан, ситуација, дејствие). Јасен знак дека лаже или планира да излаже.
Кога очите се нагоре и лево значи дека човекот се мачи да се сети. Во овој случај и да ве излаже, тоа ќе се должи на слабата меморија.
Кога очите се надолу и десно значи се присетува на некоја емоција или чувство.
Кога се надолу и лево значи дека во моментот разговара сам со себе или размислува за дадена ситуација.
Кога ќе ве погледне дирекно во очи и ви одговори значи дека ја кажува вистината и сам верува во тоа.
Важно е да се каже дека тука станува збор за првична реакција. На пример тој може да погледне горе десно само за секунда, а потоа дирекно да ве погледне во очи. Речиси сигурно дека ве лаже. Затоа обрнете внимание на првичната реакција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi