11 декември, 2017

Радио

Секој човек има своја единствена харизма која го прави различен од останатите. Но, астролозите велат дека луѓето кои припаѓаат на ист хороскопски знак имаат слична харизма.

ОВЕН
Овните се искрени и спонтани, а исто така и многу доминантни. Таков е и првиот впечаток кој го оставаат – бучен и впечатлив. Сепак, во нивната детска искреност и наивност, тој прв впечаток најчесто е многу мил и придонесува луѓето лесно да ги засакаат.

БИК
Биковите секогаш сакаат да остават добар впечаток. Но, ретко преземаат иницијатива, па можно е на прв поглед да изгледаат резервирано и строго.

БЛИЗНАЦИ
Одлично се снаоѓаат со контролата врз емоциите, а од друга страна се непресушен извор на забава. На нивниот шарм и духовитост тешко е да се одолее, а емоционалната резервираност создава мистерија за секого.

РАК
Раковите се многу чувствителни и многу често го менуваат расположението, па поради тоа може да остават прв впечаток на неискрени личности. Сепак, со тек на време овој впечаток не е тешко да се поправи, бидејќи воопшто не се такви какви што изгледаат на прв поглед.

ЛАВ
Генерално, Лавовите се одбивни при првата средба поради нивната претерана самодоверба и фалење. Сепак, нивната искреност и детска наивност, исто како и Овенот, лесно ќе направи да ви се вовлечат под кожа.

ДЕВИЦА
Девиците се перфекционисти, па првиот впечаток за нив е дека се строги, што и не е далеку од вистината. Но, кога искрено љубат некого, тоа го прават со цело срце, па нивната строгост е во втор план.

ВАГА
Вагите мислат дека се совршени и мошне лесно можат да залажат некого дека се токму такви – но, само за кратко време.

СКОРПИЈА
Скорпиите се големи заводници. Кај истиот пол најчесто оставаат негативен прв впечаток поради нивната доминантност, но пак, за спротивниот пол се вистински магнет бидејќи се многу силни личности. Сепак, кога некој ќе ги повреди, одмаздата е неизбежна.

СТРЕЛЕЦ
Стрелците се енергични и храбри знаци полни со самодоверба, но не и со егоизам, што ги прави едни од омилените во друштвото. Тие се подготвени да ризикуваат, но кога навистина ќе се заљубат, партнерот го чуваат подобро од сопствените очи.

ЈАРЕЦ
Јарецот е уште еден строг знак кој не се оддава лесно на емоциите, а првиот впечаток за него најчесто е негативен. Кога подобро ќе го запознаете, ќе сфатите зошто е таков и кои му се приоритетите во животот, а кога ќе одвои време за вас уште повеќе ќе го цените.

ВОДОЛИЈА
Водолиите се ексцентрични и провокативни, а во исто време весели, што ги прави многу привлечни и шармантни. Со нив никогаш нема да ви е здодевно и секогаш ќе ви недостасува нивното друштво.

РИБИ
Рибите се многу емотивни, а ако ги фатите во таквите моменти, може да бидат многу здодевни. Но, кога ќе ве засакаат, лесно ќе најдат начин за да ви влезат под кожа.

Остави коментар

Почетна // Забава // Интересно // Каква харизма го краси твојот хороскопски знак?
Горе