Ќелавите мажи се поинтелигентни, поуспешни и помажествени

2 февруари, 20170
3

Тие се и попривлечни, исто така.

Ако вашиот сопруг е загрижен што ја губи косата, можете слободно да му кажете дека животот само ќе му се подобри.

Ќелавите мажи често се сметаат за поуспешни и подоминантни од мажите со раскошни локни, открива студија од 2012 година, според списанието Business Insider. Истражувањето тврди дека жените имаат тенденција да ги сметаат ќелавите мажи за поголеми, посилни и помоќни, исто така. Ова не е големо изненадување ако се земе во предвид дека некои од најголемите фраери во Холивуд – Брус Вилис, Двејн „The Rock“ Џонсон и Џејсон Статам – блескаат со избричени глави.

Истражувањето беше спроведено од научникот Алберт А. Манес (изненадување – тој е ќелав) на Универзитетот на Пенсилванија. Студијата, што собра информации од 59 испитаници, им покажала повеќе слики од мажи на учесничките. На првата слика бил прикажан маж со коса на целата негова глава а втората слика го прикажувала истиот маж без коса. Повеќето учеснички пријавиле дека ќелавиот маж им е попривлечен генерално.

Еве едно можно објаснување за привлечноста: Ќелавоста е моментална и очигледна изјава за еден маж. „Не велам дека ако ја избричите главата ќе бидете поуспешни, но тоа започнува разговор како да сте направиле нешто активно,“ изјави претприемачот (и ќелав маж) Сет Годин за списанието Wall Street Journal.

Не само што изгледа дека овие избричени момци се поуспешни, туку, се испоставува, дека тие делуваат и попаметни исто така. Ќелавите мажи се типично постари, и често се видени од жените како поинтелигентни и помудри, според одделна студија спроведена на Универзитетот на Саарланд.

Но тука следи и предупредување – ова не важи за ќелави места. Мажите делуваат поатрактивни, поинтелигентни и поуспешни само ако се целосно ќелави, додека мажите со ќелави места се видени како послаби и помалку атрактивни. Па затоа, следен пат кога вашиот маж ќе се мисли за неговата фризура, можеби ќе сакате да го посоветувате да се избричи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *