Кое е значењето на секој прст и прстен?

18 мај, 20170
5

Дали знаете дека прстените кажуваат многу за личноста на која ѝ припаѓаат?

Традицијата на носење прстени е многу стара, а повеќето култури имаат свои верувања и толкувања за значењето на секој прст и прстен.

Според некои култури, секој прст е симболика за одредени особини и секој прстен има свое точно одредено место на дланките.

Палец
Ја претставува силата на волјата и придржувањето до сопствените ставови и интереси. Прстенот кој се носи на овој прст нема никакво посебно значење, но доколку сакате прстен на палецот, најдобар избор е рубинот.

Показалец
Симболизира самодоверба, лидерство, амбиција и духовност. Аметистот и синиот топаз се наменети за овој прст. Прстенот ставен на показалецот исто така нема значење, но доколку сакате секој да го забележи вашето впечатливо парче накит, ставете го токму на левиот показалец.

Среден прст
Овој прст ги претставува хармонијата, правдата, одговорноста и самоанализата, а кварцот и аквамаринот се соодветни камења. Прстенот ставен на средниот прст може да има било какво значење кое зависи исклучиво од личноста која го носи.

Домалиот прст
Овој прст е симбол за љубовта, врските и креативноста, а најдобар избор се прстените од жад, аметист, тиркиз или сафир. Значењето на прстенот ставен на домалиот прст е добро познато. Овој прстен покажува дека личноста е во брак, а кај различни култури се носи на левата или десната рака.

Мал прст
Интелигенција, интуиција, моќ на убедување, комуникативност – тоа се особините поврзани со малиот прст. Доколку се одлучите за прстен на малиот прст, најдобар избор е месечевиот камен и килибарот. Во многу култури, на малиот прст се носи семеен прстен кој со генерации се пренесува од колено на колено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *