17 октомври, 2017

Радио

Астролозите сметале дека преку одреден вид кристал, секоја планета го изразува своето влијание и карактеристики. Секој може сам да си избере камен што му се допаѓа, но ако сака да ги користи неговите бенефиции, треба да избере специфичен камен. Кристалите можат да се носат како накит или талисман, а во алтернативната медицина се користат и за лекување или медитација. Секој кристал има свое значење и намена. Понекогаш кристалите можат да се комбинираат, зависно од потребата и целта. Кристалите, за да делуваат, треба редовно да се чистат. Најчесто се чистат со вода, односно, морска вода и се полнат на сонце, односно месечина.

ОВЕН: дијамант, доломит, горски кристал, хематит, карнеол, корал, јагода кварц, раукварц, сафир;

БИК: емералд, јагода кварц, пирит, розенкварц, сафир, смарагдит, тиркиз, топаз, кризокол;

БЛИЗНАЦИ: ахат, амазонит, цитрин, кризопрас, тигрово око, зелен турмалин, епидот, флуорит;

РАК: ахат, авентурин, бисери, горски кристал, емералд, магнезит, месечевиот камен, карнеол, смарагдит, серпентит, зелен тиркиз, кризопрас;

ЛАВ: јантар, крисолит, горски кристал, хелиотроп, магнезит, сардоникс, оникс, раукварц, родохрозит, перидот, турмалин;

ДЕВИЦА: цитрин, јаспис, лабрадорит, карнеол, магнетит, родохрозит, родонит, розенкварц, жад, лепидолит;

ВАГА: бел кварц, цитрин, диоптаз, лапис лазули, кораљ, крисолит, опал, родонит, топаз, турмалин;

ШКОРПИЈА: аквамарин, аметист, берил, гарнет, калцедон, карбункл, магнетит, рубин, содалит, топаз, турмалин;

СТРЕЛЕЦ: амазонит, аметист, крисолит, магнезит, малахит, серпентит, тигрово око, тиркиз, топаз, епидот;

ЈАРЕЦ: гранат, гросулар, гарнет, јет, лапис лазули, малахит, оникс, опсидијан, хематит, розен кварц, рубин;

ВОДОЛИЈА: аметист, авентурин, цитрин, гарнет, гранат гросулар, хелиотроп, плави сафир, рутилкварц, соколово око, тиркиз, жад;

РИБИ: аквамарин, аметист, бел кварц, дијамант, рутилкварц, турмалин, флуорит.

Остави коментар

Почетна // Забава // Интересно // Кој камен ви носи среќа според хороскопскиот знак
Горе