Кучињата навистина можат да препознаат лоши личности

14 февруари, 20170
4

Верувајте им на нивните инстинкти!

Доколку сте сопственик на милениче, најверојатно веќе долго време се сомневате дека вашиот крзнен пријател е прилично прониклив, а сега и нова студија покажува колку само лукаво може да биде вашето куче.

Истражувањето објавено во научното списание Neuroscience and Biobehavioral Reviews покажа дека кучињата се способни да препознаат дали некој е љубезна личност. Поконкретно, тие може да познаат дали една личност се однесува лошо кон друг човек.

И паметните суштества ја користат оваа информација да влијаат на тоа како потоа ќе реагираат на личноста, вклучувајќи дури и ако вие се однесувате лошо.

За да го разберат ова, истражувачите побарале од сопственици на кучиња да изглумат различни сценарија додека нивните миленичиња гледале. Волонтерите се преправале дека имаат потешкотии при отворање на сад пред да ги замолат истражувачите да им помогнат. Во првото сценарио, еден од истражувачите стоел само пасивно, додека другиот колега се послужил да помогне. Во второто сценарио, еден истражувач останал пасивен, додека другиот активно одбил да помогне.

На завршетокот на двете сценарија, и двата истражувачи му дале закуска на кучето за кое станувало збор. А еве каде станува интересно: во првото сценарио, кучињата земале закуски од двата истражувачи.

Но во второто сценарио, каде еден од истражувачите бил намерно лош спрема сопствениците на кучињата, кучињата најчесто го игнорирале тој што бил непријатен спрема нивниот сопственик, одбивајќи ја наградата.

Научниците заклучиле дека кучињата се способни да препознаат дали некој е лош човек и да го судат според тоа.

Па затоа, следен пат кога некој нема да му се допадне на вашето куче, обрнете внимание.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *