Ова е најдобрата и најлошата возраст да се венчате

10 јануари, 20170
2

Според популарното верување, што постари сте кога ќе се венчате толку се поголеми шансите дека ќе останете во брак.

Но, ново истражување тврди дека е подобро да стапите во брак на возраст помеѓу 28 и 32 години ако сакате да избегнете развод.

Венчањето во доцните дваесетти години е помалку ризично од стапувањето во брак после средните триесетти, според социологот Николас Волфингер, кој анализирал шест-годишни податоци за семејства.

Тој открил дека двојките кои се венчале како тинејџери имаат 38 проценти ризик од развод пет години по венчањето.

За тие во раните дваесетти, ризикот е 27 проценти.

За двојките кои стапуваат во брак на возраст помеѓу 25 и 29 години, има 14 проценти ризик од развод и 10 проценти ризик од развод за тие на возраст од 30 до 34 години.

Волфингер вели дека овој тренд опстојува без разлика на образование, религија или сексуално минато.

Зошто е вака останува да се види.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *