Погледнете ја оваа слика Оваа мачка преживеала!

14 јануари, 20170
2 copy

 

Потребни беа локалниот заменик шериф, неколку градежни работници и соседи кои се добри пријатели, но мачката заробена во многу опасна ситуација беше успешно ослободена.

Кутрата мачка, чие име е Бела, се фатила на врвот на врата од гаража како што таа се затворала и работници морале да отстранат корниза од куќата за да ја ослободат.

Некако, чудесно, таа преживеала потполно неповредена.

Мајк Скот, заменик шериф за Луизијана кој бил повикан на местото напишал на Facebook:

„Никогаш во сите мои години не сум бил подготвен да наидам на тоа што го видов со моето доаѓање. Соседите помагаа многу кога ја трганвме горната рамка-корниза што ни отстапи малку простор да ја тргнеме мачката. Со заеднички труд со соседите успеавме да ја ослободиме мачката жива.“

Се надеваме дека Бела ќе биде повнимателна со 8-те животи кои и преостануваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi