Причината зашто сте толку гладни кога сте пијани

17 јануари, 20170
7

Нова студија од лондонскиот Институт Francis Crick тврди дека алкохолот активира хормон во мозокот поврзан со апетитот.

При експериментот, на глувци им било дадено алкохол (со инјекции во нивниот абдомен) еднаш дневно во текот на три дена.

Дозата била еднаква на две шишиња вино за човек.

Тие откриле дека и машките и женски глувци консумирале до 25 проценти повеќе храна отколку трезната контролна група.

Агути-поврзаните протеински неврони (AgRP), кои претходно биле поврзани со циклусите на хранење на глувците, исто така биле измерени.

Студијата покажала зголемување во количината на електрична активност кога глувците консумирале алкохол, откривајќи поврзаност.

Човечките контроли за гладот исто така ги вклучуваат AgRP невроните, но сé уште не се направени тестови дали контролите реагираат на алкохол на ист начин како кај глувците.

Постоењето на врската помеѓу прејадување и алкохол не е ново, но научниците сега се еден чекор поблизу до причината за ова.

Според студијата, истражувачите биле изненадени кога откриле дека зголеменото јадење било попотенцирано на вториот ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *