Природно обоени велигденски јајца! Еве како да ги направите:

11 април, 20170
9

Потребно ви е:

  • Мерилка
  • Тенџере
  • Теглички
  • Бел оцет
  • Убаво сварени јајца (добро е да имате и бели и кафени јајаца. Белите за посветли бои, кафените за потемни бои.)
  • Боровинки
  • Инстант кафе
  • Куркума

Фарбање со Инстант кафе

За да добиете златна боја потребно ви е филџан со јако кафе или чај. Зовривате вода за 1-2 филџани црно јако кафе и додавате една лажица бел оцет. Извалкајте ги варените јајца во кафе смесата и ја чувате една ноќ во фрижидер.

Свежи боровинки

Вo тенџере испасирајте две чаши боровинки потоа додадете две чаши вода. Ставете ги да вријат, откако ќе зовријат смалете го оганот и оставете ги на тивок оган уште 30 минути.Измешајте 2 лажици оцет, а потоа тргнете ги боровинките од смесата и ставете ги варените јајца. Така треба да стоја цела ноќ.

Куркума

Ова е една прекрасна светла нијанса на жолтата боја. Можеби една од најсреќните бои!

Во тенџере ставете 2 лажици куркума и 2 чаши вода и ставете ги да вријат. Измешајте две лажици оцет и додадете ги јајцата. Така оставете ги цела ноќ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi