Првиот впечаток за луѓето го стекнуваме во првите седум секунди
Експертите тврдат дека првите секунди од запознавањето се од суштинско значење, бидејќи луѓето создаваат впечаток за некого токму во првите седум секунди. Тоа го тврди и Линда Блер, клинички психолог. Според неа, процесот на проценка не е свесно воден, тоа го правиме несвесно, поттикнати од нашите примитивни инстинкти кои не ни дозволуваат да погрешиме. Всушност, како што велат експертите, проценката во седум секунди е предизвикана од инстинктот за опстанок, кога морало да се проценуваат другите, за да се оцени дали претставувале закана. На првиот состанок оценуваме дали ние сме загрозени, но го градиме и ставот за другата особа. Сепак, поради краткиот временски рок, и желбата да ги спознаеме другите, не обрнуваме внимание дека и другата страна во истото време го остварува првиот впечаток за нас. Експертите препорачуваат дека на првиот состанок јасно треба да покажеме кои сме и што сакаме, да не оставиме впечаток на анксиозна, срамежлива или несигурена личност.