Што открива вашиот генерациски број?

28 септември, 20170
4

Броевите кријат многу повеќе од подредени цифри кои го откриваат вашиот датум на раѓање или матичен број.

Баш како и астрологијата, нумерологијата може да ви открие многу за една личност.

Во овој случај, нумерологијата е сконцентрирана на генерациите.

Пресметајте го вашиот генерациски број на следниов начин и откријте што истиот открива за вас како личност.

На пример, ако сте родени во 1988 година:

1 + 9 + 8 + 8 = 26 = 2 + 6 = 8

Што значи вие сте осмица.

Број 1

Ова е генерација која сака моќ, стабилност и лидерство. Тука спаѓаат сите луѓе кои се склони кон прифаќање на предизвици и имаат голем потенцијал и огромна енергија. Но, дали и како успеваат да се носат со толкава одговорност, зависи од други фактори. И покрај упорноста, единиците знаат да бидат и малку напорни. Што се однесува до здравјето, тие се витални и здрави, но би требало да посветат внимание на срцето, грбот и циркулацијата.
Број 2

Кај двојките нема лидерство, туку прилагодување на ситуациите. Не се самостојни, но имаат силна енергија која сака да ги спојува и смирува неспоивите работи и страни. Нивна најголема предност е силата за соработка, затоа што не можат да војуваат, туку само да преговараат. Двојките имаат силен инстинкт, но за жал не го користат често. Чувствителни се на сите замки во кои запаѓаат, па затоа мора да внимаваат на градите и стомакот, во кои најчесто се насобира негативната енергија која ретко излегува од нив. Имаат често проблеми со варењето, рамнотежата и жлездите.
Број 3

Оптимизмот и насмевката е она по што ќе ги препознаете, затоа што тоа им е главната вибрација во животот. На оваа генерација и е дозволено да ризикува и да се впушта во авантури и игри, затоа што има неверојатна среќа. Овој свет е жеден за повеќе вакви личности кои ја поддржуваат креативната страна во животот. Тројката е генерација која се жртвува за пријателите, но не паѓа на лесни зборови затоа што знае дека тие водат до разочарување. Предизвик им е да им го олеснат животот на саканите околу себе. Од друга страна тие се претерано чувствителни. Имаат чести проблеми со циркулацијата, црниот дроб, жолчката, мускулите и никако не смеат да консумираат алкохол.


Број 4

Оваа генерација е столб за сите останати. Со текот на времето сите се потпираат на неа, во семејството, на работата, во друштвото. Мислењето на четворките секогаш се цени, а нивниот збор често е последен. Претрпуваат голем стрес затоа што сакаат да ги поправат грешките од минатото. Не им е лесно, но се дисциплинирани и не се плашат од препреки и тешка физичка работа, напротив, тоа им е предизвик. Четворките имаат чувствителни заби, коски, лигаменти и штитна жлезда.


Број 5

Ова е генерација на која никогаш не ѝ е здодевно. Во повеќето случаи, петките се силни, рационални и снаодливи луѓе. Дел од луѓето ги доживуваат како површни, што е погрешно. Нивната отвореност кон животот и пријателите постојано ги тера на промени. Не може да се пофалат дека имаат одредена животна цел, затоа што само со лутање и истражување ја хранат својата немирна душа. Петките ги сакаат работите сега и тука, без многу чекање. Сакаат да патуваат, учат, пишуваат и не се плашат да бидат несфатени. Петките имаат проблем со хормоните и нервите, а чувствителни им се устата, јазикот и дланките.


Број 6

Генерација на која семејството и односите во него ѝ се најважни. Се грижат за туѓите емоции, затоа што само низ складните и хармонични односи можат да се доживеат како вистински среќни. Хедонисти се, љубовта им е посебно важна, но исто така уживаат и во храната и пијалаците. Можат да бидат племенити и љубезни, но и да отидат во потполно друга крајност каде царува материјалното уживање. Секогаш се шармантни и топли, па затоа е прекрасно да бидете во нивна близина. Шестките имаат проблем со репродуктивните органи, бубрезите, циркулацијата и грлото.


Број 7

Вечни бунтовници кои не сакаат да се соочуваат со тешки задачи. Оригинални се и конструктивни, постојано сакаат промени и се свртени кон друштвото и активностите во пар. Нивните побуни се упатени на сè што е заостанато или надминато и по малку здодевно. Затоа често ги доживуваат како несериозни, што понекогаш и се, но никој не може да ја оспори нивната самостојност и независност. Седмиците имаат чести проблеми со зглобовите, но и стомакот, заради нервозата кон која се склони.


Број 8

Генерација на која сè ѝ оди од рака, кога и да посака. Мисли на сите можности и шанси кои ги има во материјалниот свет, од пари до моќ, па затоа сакаат да размислуваат за патот по кој ќе стигнат до врвот. Нивна омилена парола е „има време“ што најчесто не ги води никаде. Не може да им се оспорат амбициите, борбеноста, желбите, огромната енергија и натпреварувачкиот дух, но им недостасува истрајност. Осмиците од сите генерации се најотпорни на болести, но сепак треба да внимаваат на главата, мускулите и репродуктивните органи.


Број 9

Ова е генерација која може да го носи целиот товар на свој грб и што е многу поважно – за кратко да се ослободи од истиот. Тие наследуваат речиси сè – од болести, до имиња во семејството. Работат, вредни се, упорни и тврдоглави, па во нивниот живот имаат од сè по нешто. Имаат време за сè и секого, па може да ги пронајдете и меѓу кралевите и меѓу просјаците. Единствено немаат многу време за себе, па во тој поглед се малку несреќни. Треба да се чуваат од семејни болести кои се наследуваат, но и да внимаваат на стапалата и хипофизата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi