Зошто луѓето се плашат од Петок 13 ти?

13 октомври, 20170
13

Празноверијата се доста распространети и многу луѓе веруваат во нив, свесно или не. Откривањето на потеклото на суеверијата открива фасцинантен спој на религии и човечка психологија.

Петок 13-ти

Стравот од петок 13-ти и стравот од бројот 13 се толку вообичаени, што дури постојат како име на дијагностицирана фобија: Параскевидекатиафобија и трискаидекафобија. Има повеќе причини зошто точно овој број да биде „проколнатиот”.

Во Христијанството, „проклетството” на бројот 13 започнува од Тајната вечера каде што присуствувале 13 луѓе, од кои 13-тиот бил Јуда, предавникот на Исус Христос. Од друга страна, петок се смета за несреќен, бидејќи според Светото писмо, Исус бил распнат во петок.

Античките Персијци не ја сакале тринаесетката затоа што верувале дека дванаесет соѕвездија на Зодијакот владеат со Земјата по илјада години наизменично, но кога ќе се заврши циклусот (во тринаесеттиот милениум), хаос ќе завладее со светот.

Интересен е фактот дека стравот од петок 13-ти датира од пред релативно скоро време. Имено, историчарите пронашле докази дека тој не се споменува сè до 19-тиот век, кога за прв пат се споменува во биографијата на Џоакино Росини од 1869 година. Митот не заживеал сè до 20-ти век кога бил издаден романот на Томас Лосон, „Friday the Thirteenth”.

Стравот од петок 13-ти е толку чест, што само во Америка 19 милиони луѓе одбиваат да ги напуштат своите домови на овој ден. Центарот за управување со стрес и фобии проценува дека претпријатијата губат околу 850 милиони долари секој пат кога ќе се случи 13-ти ќе се падне во петок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi