17 јануари, 2018

Радио

Глумецот Рајан Гослинг ќе снима филм за првата мисија на Месечината, а во филмот ќе го глуми главниот јунак Нил Амстронг.

Глемецот Рајан Гослинг ќе го отелотвори Нил Амстронг, првиот човек кој стапна на Месечината во филмот „Првиот човек” за кој режијата ја потпишува Демијан Шазел, а сценариото Џош Сингер, пишува Variety.

Филмот се темели на Амстронговата биографија „Првиот човек: Животот на Нил Амстронг” која во 2005 година ја објави историчарот на НАСА, Џејмс Хансен. Дејството на филмот ќе се усредоточи на периодот од 1961 до 1969 година, посебно на првата мисија на Месечината и припремите на мисијата Аполо 11.

Variety дознава дека договорот е склучен и дека снимањето на филмот ќе започне во првите месеци на 2017 година.

Ова ќе биде втора соработка на Гослинг и Шазел, после мјузиклот „La La Land”.

Остави коментар

Почетна // Забава // Музика и Филм // Рајан Гослинг глуми во филмот за Нил Амстронг
Горе