Слушнете ги песните на Балканските претставнички на Евросонг 2017

8 март, 20170
3

Србија на Евровизија годинава ќе ја испрати Тијана Богичевиќ, која ќе ја исполни песната „Too Deep“.

Автори и продуценти на песната се Борислав Миланов, Бо Персон, Јохан Алкенсас и Лиза Ен-Мари Линдер. Овие автори работеле на многу познати евровизиски песни меѓу кои и победничката на Кончита Вурст – „Rise Like a Phoenix“.

 

Грците оваа година ја избраа нивната позната пејачка Деми, која ќе настапи со песната „This is Love“.

https://www.youtube.com/watch?v=sBom9VecMKw

Додека евровизиската песна на Хрватска, која ќе биде претставувана од добро познатиот Жак Хоудек покрена лавина коментари, бидејќи многумина сметаат дека е плагијат. Бугарите се уште немаат избрано свој претставник. Тие ќе одржат големо финале на 11- ти март кога ќе биде избран и овогодинешниот нивен претставник.

Изборот на песна за Евровизија е годишен натпревар одржан помеѓу повеќе активни членки на Европската радиодифузна унија.

Секоја земја учесничка доставува песна која ќе биде изведена во живо на телевизија или радио, а потоа доделува гласови на песните на другите земји за да се одреди најпопуларната песна во конкуренцијата.

Изборот се емитува секоја година од неговото воведување во 1956 година и е еден од најдолготрајните телевизиски програми во светот. Исто така е и еден од најгледаните не-спортски настани во светот, со бројка на гледаност помеѓу 100 и 600 милиони на меѓународно ниво во последните неколку години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi