Адриана Лима со новото момче ужива на јахта во Бодрум
17 јули, 20170
Поранешната српска снаа Адриана Лима пред неколку дена од Црна Гора отпатува во Турција кај новото момче Метин Хара.
Дека двојката се забавува сведочат и овие папарацо фотографии од јахта кои се појавија на социјалните мрежи. Тие се разладуваат, бакнуваат, ручаат, разменуваат страсти… а турските папараци тоа добро го документираа.
На Метин секако му завидува добар дел од машката популација, а веројатно ниту на Марко Јариќ и нема да му биде така сеедно, сепак некогаш му беше сопруга.