Адријана Лима има нова љубов

20 март, 2017
1

Ангелот на Victoria’s Secret, Адријана Лима, е во врска 8 години помладиот бејзбол играч, 27-годишниот Мет Харви.

Парот е фотографиран како на состанок страсно се бакнува во клубот „River Yacht Club“ во Мајами, каде за време на романтичната вечера си разменуваат нежности во релаксирана атмосфера.

Лима се раздели од своето претходно момче Џулиен Еделман поради многутте професионални ангажмани и притисокот од врската на далечина, но се шпекулира дека причина биле разликите околу прашањето за заеднички деца.

Славниот модел има две ќерки од бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ.