Анџелина Џоли изјави: „Не сакам да бидам сама“

21 септември, 20170
10

Животот по раскинувањето на љубовна врска не е лесен ниту за богатите и славните. Анџелина Џоли отворено зборуваше за нејзините чувства по разводот со Бред Пит и за тоа низ колку тежок период поминува.

„Беше тешко. Не уживам во тоа што сум сама. Тоа не е нешто што го сакав. Нема ништо убаво во тоа да не си во љубовна врска. Тешко е“, изјави 42-годишната глумица во едно интервју објавено овој викенд. Покрај тоа што таа изгледа неверојатно и прекрасно каде и да се појави, Анџелина призна дека однатре воопшто не се чувствува така. „Понекогаш можеби изгледа како одлично да се справувам со сè, но вистината е дека се трудам да ги преживем овие денови. Емоционално, ова беше тешка година, а имав и некои други здравствени проблеми. Поради тоа здравјето е нешто за кое морам повеќе да се грижам.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *