Цеца на 44 години тргна на часови, еве што ќе учи

27 март, 2017
9

Цеца Ражнатовиќ тргна на часови по англиски јазик, зошто со години поради бројните обврски и недостаток на време го одложуваше.

Фолк ѕвездата ангажирала девојка која ќе доаѓа кај неа дома каде во опуштена атмосфера ќе можат да се посветат на учење на јазикот.

Медиумите се уште не знаат точно дали Цеца запишала почетнички курс по англиски, или во прашање е само усовршување, но секако гестот е за пофалба.

Инаку, ќерката на Цеца Анастасија совршено зборува англиски, па нема сомнение дека покрај неа и Цеца ќе ги совлада сите препреки.