Додека мама објавува фотографии од бебето, тато се слика како пуши марихуана: Ана и Раста

22 август, 20170
8

Поп-пејачката Ана Николиќ на 3 август на свет ја донесе својата прва ќерка Тара. Пејачката се породи во болницата „Народен фронт“ во Белград, а нејзиниот сопруг Стефан Ѓуриќ Раста објави фотографија непосредно по раѓањето на нивното прво дете.

Е сега, неодамна гордата мама ја објави и првата фотка од Тара, поточно од нејзините стапалца.

View this post on Instagram

Mamin i tatin svet!💟❤💖Tara!👨‍👩‍👧

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial) on

Додека, пак, тато, кој е на турнеа низ регионот, на Instagram Story објави фотка на која пуши марихуана.

Разбирливо, поголемиот број обожаватели на ликот и на делото на неговата популарна сопруга му го забележија ваквиот потег, сметајќи дека еден тазе татко, кој воедно им е идол и на голем број млади, не би требало да се слика во такво издание.

Сепак, една обожавателка на контроверзниот рапер без воздржување му напиша емотивна порака на неговиот профил, на која се’ уште не е познато како изреагирала Ана Николиќ.

„Има ли некоја мајца, но на неа да си ти, Расто… Ти си ми идол, еден и единствен, едноставно совршен, сите песни ти ги знам напамет. Десет пати имам сонувано како сме се запознале, и се надевам дека сонот ќе ми се оствари. Те сакам, совршен мој.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi