Домот на Синди Крафорд на Малибу

16 август, 20170
3

Mагазинот „Вог“ објави фотографии од домот во Малибу на топ-моделот Синди Крафорд во стандардната рубрика „73 прашања со…“. Моделот одговараше на кратките прашања во кои откри дека омилена храна ѝ е кавијар, а за десерт сака чоколадо. Таа исто така откри дека омилената ревија ѝ е онаа на „Версаче“ од 1991 година кога пистата ја делеше со сите големи модни имиња и ја пееја песната „Фридам“ на Џорџ Мајкл.

„Да не бев модел, веројатно ќе бев професорка“, вели Крафорд. Таа за „Вог“ потврди и дека Принц напишал песна за неа, како и тоа дека сосема случајно морала да го дели креветот со Џорџ Клуни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi