Џоли: Ќе се фокусирам на своите деца и хуманитарната работа

30 март, 20170
5

Актерката Анџелина Џоли во едно интервју се осврна на тоа каде сега, по разводот од Бред Пит, се гледа себе си и своите шест деца по десет години.

– Јас често ќе патувам за да ги видам децата, кои ќе живеат низ целиот свет, рече Џоли.

Таа смета дека некое од нејзините деца ќе се занимава со хуманитарна работа како неа и нагласи дека би сакала да соработуваате на тоа поле.

Џоли се осврна и на својата филмска кариера.

– Помалку ќе се занимавам со филмовите, а ќе се фокусирам на семејството и хуманитарните работи, истакна актерката.

Џоли (41) има шест деца. Таа и Бред ги посвоија Медокс (15), Пакс (13) и Захара (12), а Шајло (10) и близнаците Кнокс и Вивиен (8) ги роди во текот на нивниот брак.

Џоли вели дека сега е посветена на работи кои и го прават животот убав.

– Захара искено се смее. Медокс е прекрасен и дарежлив, а Пакс е талентиран фотогарф, објасни актерката.

Џоли во интервјуот проговори и за нејзината почината мајка Маршелин Бертранд.

– Таа беше природна и ставаше само малку шминка. Никогаш не се однесуваше како дива, рече Анџелина за својата мајка, која почина во 2007 година од рак на дојката и јајниците на 56-годишна возраст.

Бертранд самата ги одгледала Анџелина и нејзинот брат Џејмс Хејвен (43), затоа што нејзиниот сопругот Џон Војт често ја оставал сама и излегувал со колешки. Анџелина признава дека и денес таа и нејзиниот брат не се многу биски со татко и.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *