Холивудската актерка Хедер Локлир доживеа сообраќајна несреќа, пренесена е во болница

15 септември, 20170
8

Славната актерка Хедер Локлир заврши во болница откако синоќа предизвикала сообраќајна незгода во Таузенд Оукс, Калифорнија.

Актерката која се прослави со улогите во популарните ТВ-серии во 80-тите и 90-тите како „Dynasty“ и „Melrose Place“, „слетала“ со нејзиното порше во канал во близина на нејзиниот дом.

Според полициски извори, била пренесена во болница со помали повреди и не се најдени траги на алкохол или дрога во нејзината крв.

Актерката претходно неколку пати била приведувана за злоупотреба на психотропни супстанци и за возење под дејство на алкохол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi