Мишел и Барак Обама уживаат во Италија

23 мај, 20170
3

Откако заминаа од Белата куќа во јануари, поранешниот претседател на САД Барак Обама и неговата сопруга Мишел се појавуваат на конференции каде го споделуваат нивното знаење, а приватно ги прават сите работи што не можеа како прво семејство, како летање со параглајдер.

Во почетокот на мај Барак Обама се обрати на Глобалниот самит за иновации во храната во Милано, Италија, а оттогаш тој и сопругата уживаат во убавините на Италија како двајца најобични туристи.

Добро, не баш најобични, зошто каде и да се појават се вистинска атракција, особено Мишел која како и секогаш, зрачи со харизма и шарм.

Поранешната прва дама се прошета низ гратчето Монталчино во Тоскана облечена во бели панталони и розова кошула со едно голо рамо, а локалното население ја пречека со аплаузи, извици и позитивна енергија додека таа направи мал шопинг и седна на сладолед.

https://www.youtube.com/watch?v=9TpKX9qejcs

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi