Им велат дека се како близначки: Анастасија откри што најчесто дели со цеца

31 октомври, 20170
1

Анастасија Ражнатовиќ, наследничката на фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ, повторно проговори за својата славна мајка.

Познато е дека Анастасија и нејзината мајка Цеца се многу блиски. Бидејќи Анастасија редовно ја споредуваат со Цеца, таа реши да открие еден детаљ кој ѝ е малку познат на јавноста.

Анастасија раскажа дека понекогаш ја дели својата гардероба со Цеца.

„Мојата мајка е многу згодна жена и нема проблем со килажата. Таа може да влезе во сите парчиња што ги имам во мојот гардеробер, а понекогаш може да се случи нешто навистина да ѝ прилега добро. Нема никакви проблеми! А мене ми е мака, ми се повраќа од глад. Вие не знаете какво е чувството кога треба да добиете“, изјави Анастасија и додаде: „Често кога таа ќе земе нешто од мојот гардеробер, се случува да извади и нешто свое. Таа од мене главно зема маички и тренерки за преку ден, а јас од неа некои работи за ноќен живот“, изјави ќерката на Цеца за емисијата „Ексклузивно“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *